Македонија
12. May 2017 - 10:13

Без вода утре дел од општина Аеродром

Без вода утре од 08:30 часот до санирање на дефектот ќе останат корисниците на булевар „Јане Сандански“ од број 36 до број 64, во општина Аеродром.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна цевка со пречник 100 мм на булевар „Јане Сандански“ број 56.