Македонија
22. January 2023 - 16:29

Без вакцинација, епидемија од морбили е неизбежна

Нискиот степен на имунизација од морбили или малата сипаница на децата од една годишна возраст може да доведе до нова епидемија од оваа заразна болест. Во 2019-та кога беше официјално прогласена епидемија на морбили процентото на  вакцинирани деца беше релативно висок  и изнесуваше 80, а сега е многу понизок.

- За да се оствари солиден колективен имунитет, ние целиме кон опфат од над 95 %, меѓутоа реално тој опфат тешко се достигнува, така што гледаме на национално нивио покриеноста да е над 90 %, изјави д-р Дијана Коцева - Миланова, Здравствен дом - Штип.

Според Коцева – Миланова не се работи за тоа дека родителите ја избегнуваат имунизацијата, туку дека ја одлагаат. Најчесто се чека детето да прооди и прозбори, а дури потоа го носат на вакцинација.

- Ваквиот став е неоснован и неоправдан бидејќи со тоа го изложуваат сопственото дете, посебно во вакви услови кога е низок опфатот на имунизирани деца, да се разболат и евентуално да доведе до несканаи компликации, додаде Коцева - Миланова

Единствен начин за справување со болеста е колективниот имунитет. Морбилите се високо заразно вирусни заболување за кое не постои конкретен лек, но доволен е само еден изолиран случај за да го вклучи алармот кај здравствените работници. Соседна Србија е на прагот да прогласи епидемија, а слична е состојбата и во Црна Гора.