Без струја повеќе делови од Скопје
Без напојување со електрична енергија утре ќе останат делови од Шуто Оризари, Студеничани, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар и Сопиште.
Во периодот од 8:00 до 16:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул.Македонско Косовска Бригада ул.10, 32, 34 и 36 во општина Шуто Оризари, од 08:00 до 14:30 корисниците на дел од село Љубош општина Студеничани, од 12:30 до 14:00 часот корисниците од ул.Перо Наков, бензинската станица ДЕТ-ОИЛ во општина Гази Баба, од 11:00-13:00 часот корисниците од ул. Исаија Маџовски општина Ѓорче Петров, од 9:00 до 12:00 часот корисниците од ул. Христо Татарчев 47-3 во општина Кисела Вода, од 9:00 до 14:30 часот корисниците од реонот Гази Баба, од 09:00-13:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул.Васил Ѓоргов бр.20 а /19 во општина Центар, од 08:30-12:00 часот корисниците од ул. Демир Трајко во општина Ѓорче Петров и од 9:00 до 13:00 часот корисниците од село Сопиште, делот од Припор до општина Сопиште, делот пред и по планираниот кружен тек за Сончев Град, делот кај училиштето и делот кон фабриката во општина Сопиште.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари