Беше фрлен во вжештена печка, во која и погина - денеска се празнува овој свет маченик
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 јули.
Денеска е Св. маченик Калиник.
Свети Калиник пострада маченички околу 250 година. Беше родум од Киликија и се беше оставил заради проповедта на Евангелието. Поради тоа и беше затворен во Анкира од некој кнез Сакердон. Овој го принудуваше да им се поклони на идолите заканувајќи се со тешки измачувања, а кога светиот ги презре сите негови зборови овој го стави на маки. Трпеливото поднесување на маките од страна на св. Калиник направи многумина да поверуваат во Христа. Кнезот потоа го стави во железни чевли со шајки во нив и го препрати во Гангрија за таму да го погубат се плашеше од неговото сведоштво пред народот. А во Гангрија свети Калиник беше фрлен во вжештена печка, во која и погина. А откако огнот згасна, го најдоа неговото тело цело.
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?