-->
-->
Беровските советници едногласно го усвоија Буџетот за 2019.
-->
Во демократска атмосфера Советот на Општина Берово, денеска, на 16-та и воедно последна Седница на Совет на Општина Берово за 2018 година едногласно го донесе Буџетот на Општина Берово за 2019 година. На изготвувањето на Буџетот му претходеа форуми во заедницата, средби со претседатели на месни заедници и неформални средби со граѓани.
Како што информираше градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски во процесот на изготвување на Буџетот на Општина Берово за 2019 година, беа земани во предвид, истакнатите проблеми на граѓаните по приоритети.
-Буџетот е изготвен водејќи се од начелото на почитување на принципот на Буџетска дисциплина и транспарентност и може да се каже дека Буџетот на Општина Берово за 2019 година е развоен. На приходен дел Општина Берово, во 2019 година планира да прибере средства по основ на даночни приходи кои изнесуваат 27 милиони 593 илјади денари, од неданочни приходи во висина од 18 милиони 143 илјади денари, капитални приходи кои се во вредност од 3 милиони и 695 илјади денари, приходи од дотации кои изнесуваат 137 милиони 490 илјади денари, приходи од трансфери во висина од 60 милиони денари како и приходи од донации кои изнесуваат 24 милиони денари, рече Пекевски.
Во расходниот дел пак Општина Берово во 2019 година, планира да реализира средства по основ на плати и надоместоци кои изнесуваат нешто над 130 милиони денари, 300 илјади денари ќе бидат наменети за резерви и недефинирани расходи 300 илјади денари, за стоки и услуги општината ќе издвои близу 58 милиони денари каматните плаќања ќе ја чинат општината 80.000 денари, за субвенции и трансфери 18 милиони денари, капитални расходи се со ставка од близу 62 милиони денари додека за отплата на главница од буџетот ќе бидат наменети 2 милиони и 300 илјади денари.
Како што истакна Татјанка Муртовска, советник за финансии во Општина Берово, вкупниот Буџет на Општина Берово за 2019 година, е проектиран на сума од 271 милион денари, од кои основниот буџет е 95 милиони денари. Буџетот за наредната година содржи реализација на капитални проекти, инфраструктурни проекти, проекти од областа на спортот и културата, социјална заштита, туризам, локален економски развој, животна средина и противпожарна заштита.
Основната цел на Буџетот како што истакна претседателот на Советот на Општина Берово, Јован Матеничарски е подобрување на квалитетот на граѓаните во сите сфери на општественото живеење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија