Белорус осуден на стрелање откако на бебе отсече глава

Белорусот (48) Виктар Шархел е осуден на смрт откако претепал и ја отсекол главата на осуммесечно бебе.
Шархел е осуден на смрт со стрелање, бидејќи во присуство на мајката Наталија Колб (26), која му била пријателка, на стравичен начин ја убил малата Ана. За ово злосторство мајката е осудена на 25 години во затвор, што е највисока казна во Белорусија која може да се изрече на жена.
Кога таткото Леонид Колб се вратил во својот дом заедно со своите два сина, ги видел Виктар и Наталија како пијат, додека неговата ќерка лежела во локва крв со отсечена глава.
Со обдукција е утврдено дека на осуммесечната Ана и биле нанесени вкупно 46 повреди и оти починала од убоди со кујнски нож.
Глетката била толку страшна, што лекарката од Итната помош кога влегла во станот изгубила свест, пренесува Хина.
Судот во Брест истакна дека убиството е изведено со посебна свирепост.
Иако во Европа смртната казна е речиси искоренета. Белорусија се уште ја практикува за казнување на мажи на возраст од 18 до 65 години.
-Мислите дека сум среќен поради оваа смртна казна? Морате да земете предвид дека јас сум тој кој потпишал за нечија смрт. Но така одлучија граѓаните на референдумот за смртна казна во 1996 година, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Ново на Сител
-

Дефинитивно нема договор за една изборна единица, се кршат копјата за гласење на дијаспората
-

Тема на денот со Изет Меџити, копретседател на ВРЕДИ
-

Бенефит за граѓаните или интерес на локални моќници? Протест на жителите од Заполжани и Новоселани против изградба на пат
-

Два последователни земјотреси во Венецуела – голем број загинати и повредени, бројките растат секоја минута
-

Дуел со квалификации меѓу Филипче и Мицкоски на пратенички прашања
-

Пет дена до рокот: Собранието во трка да ги изгласа законите од реформската агенда
-

Нема договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за промена на ресори, разговорите продолжуваат
-

Ревизија на МЕПСО: Спорни вработувања, хаос со имотот и милионски провизии за неискористени кредити
