Бектеши: Во иднина ќе бидеме транзит за гас за другите земји
За Македонија, изградбата на национален гасоводен систем, неговото поврзување со регионалните гасоводни системи, како и изградба на дистрибутивните системи за природен гас е еден од приоритетите во делот на изградба на енергетска инфраструктура. Гасификацијата е круцијално значење за економијата и е од бенефит како за граѓаните така и компаниите, за животната средина и за општеството во целост. Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши на панел дискусијата „Улогата на природниот гас во енергетската транзиција“ во рамки на Бизнис форумот кој се одржа денеска во Варшава како дел од Министерскиот состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена (P-TECC).
Министерскиот состанок е во организација на Министерството за енергија на Соединетите Американски Држави и Министерството за клима и животна средина на Република Полска во соработка со Атлантскиот совет.
Бектеши, информираат од прес-службата на Министерството за економија, потенцираше дека за обезбедување на прогнозираните количини на природен гас за наредниот период во тек се активности за натамошна изградба на постојниот гасоводен систем во земјата, негово поврзување со регионалните гасоводни системи особено со јужниот гасен коридор, како и отпочнување на преговори за обезбедување на дополнителните колични на природен гас.
– Во последните неколку години ги поставивме енергетските политики во Република Македонија на стабилни основи. Тие гарантираат безбедно и стабилно снабдување со енергенси, но и диверзификација при снабдувањето, кои се базирани на чиста-зелена енергија и кои ќе овозможат одржлив раст на економијата на нашата држава, рече Бектеши.
Како дел од активностите кои веќе се започнати, министерот Бектеши истакнал дека пред три месеци беше потпишан договор за изградба на интерконектор за природен гас со Грција кој што треба да почне да се гради до крајот на годината.
– Изградбата на овој интерконектор за течен гас ќе отвори многу можности за нашата земја, со кои ќе имаме шанса во иднина да се позиционираме како земја која ќе биде транзит за снабдување со гас на земјите во регионот на Југоисточна Европа, а за нашата национална економија ќе обезбедиме диверзифициран извори на енергенси и ќе ја поттикнеме конкурентноста, рече министерот.
Бектеши информираше дека покрај и инвестициите во интерконекторот со Грција, веќе се започнати активности за гасно поврзување со Косово, Србија и Албанија што ќе го отвори хоризонтот за подобрување на регионалната соработка и конкурентноста на заедничкиот регионален пазар.
Потсети и дека на почетокот на годината беше потпишан договор со Грција за соработка за изградба на гасниот терминал во Александрополи, каде Македонија ќе поседува 10 отсто од акциите на терминалот, како и учество во изградбата на гасната централа во близина на Александрополи, каде уделот на Македонија е 25 отсто од вкупната вредност
– Конкурентноста на Југоисточна Европа со инвестициите во интерконектори се подобрува, а истите се многу важни и за иднината, за преносот на водород како иден извор на енергија. Во сите сектори до 2030 година планираме да намалиме 51 отсто од емисиите на стакленички гасови, во споредба со нивото од 1990 година, рече тој.
Иницијативата „Партнерство за трансатлантска енергија и климатска соработка (P-TECC)“ е создадена како пат за зголемена соработка помеѓу САД и земјите од Централна и Источна Европа за енергетска безбедност и транзиција кон чиста економија.
На бизнис форумот учествуваат претставници од земји, организации и бизниси од целиот регион, а главна тема оваа година се технолошките иновации, пречките во политиките и бизнис можностите. Главен фокус на овогодишниот министерски состанок е поставување на климатска акција и праведна транзиција кон иднина со низок јаглерод и распоредување иновативни технологии за чиста енергија што создаваат работни места на двете страни на Атлантикот.
Ново на Сител
-
Забрана за движење на повеќе патни правци
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица