Бектеши: Развојот во ЕУ се гради со конкурентност и со еднакви можности за сите
На трибината на тема „ЕУ за македонската економија“ со која вечерва во Скопје почна кампањата „Ние сме Европа“, министерот за економија Крешник Бектеши се осврна на придобивки од членство во Европската Унија, која ја нарече „економско чудо“.
Тоа економско чудо, како што рече, не дозволува 10 или 20 поединци да ја држат економијата на една држава 10, 20, па и 40 години. Такви поединци, рече тој, има во Русија и во други источни земји, а и кај нас „до 2017 пред да се смени власта“.
Младите си одат од земјава затоа што со своите идеи, нагласи Бектеши, не можат да бидат конкурентни на домашните 10 до 15 олигарси кои се непроменети од 1991 година до денес и кои 30 години, како што рече, секој од нив покрива по над 90 отсто од пазарот на некој сектор.
Тоа ги одвраќа младите, тие наидуваат на неможност да ги остварат своите визии и идеи, и заминуваат од земјава. Но Европската Унија, рече министерот, има механизми и реформи што се антимонополски.
- Политиките на ЕУ даваат иста можност, без разлика за кого се работи. Во ЕУ развојот се гради само преку конкурентност и со еднаква можност за сите, нема дискирминација на ниеден на граѓанин. Тоа е начинот да ги задржиме младите, порача Бектеши.
За искуствата од соработката со ЕУ зборуваше Ирена Јакимова од компанијата за производство на постелнина „Комфи Ангел“ која извезува на европскиот пазар.
Благица Петревска од „Фајнанс тинк“ рече дека со пристапувањето во ЕУ може да се подобрат економските аспекти и дека иселувањето на младите ќе се спречи ако тие имаат извесност и стабилност.
Ново на Сител
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот