Беќаровски: По 10 август пад на температурите но неконтролиран раст на ковид болни
Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија преку објава на социјалните мрежи ја дава неговата, како што вели, скромна августовска прогноза за коронавирусот во Македонија.
Беќаровски вели дека по 10 август се очекува неконтролиран раст на ковид-19 статистиката.
По пеколната недела со високи температури во Македонија, која ќе трае до 9 август со температури до 44°С, од 10-ти август се очекува пад на температурите, но неконтролиран раст на ковид-19 статистиката.
Почитувани мои здравствени работници и соработници, искористете ги следниве 10 дена да се разладите во солена/слатка/кисела вода, а потоа повторно „ќе пливаме” во сопствената пот, под скафандерите и маските. Ако е за утеха, потењето е најдобар дополнителен начин за детоксикација на организмот“, пишува доктор Беќаровски.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите