Свет
15. February 2020 - 19:04

Бебе има само 9 месеци и го победи коронавирусот: Кики со аплауз излегла од болницата во Пекинг

Бебето Кики, како што ја нарекле во медиумите, нејзината постара сестра и мајка биле пуштени заедно од болницата во Пекинг по закрепнувањето од коронавирусот, соопштиле кинеските медиуми.

Семејството инаку доаѓа од Вухан, епицентар на заразата која досега однела 1.523 животи, а од која заболеле повеќе од 66.000 луѓе. 

Кај мајката и бебето првите симптоми се појавиле на 25-ти јануари, а во болницата биле примени следниот ден.

Како што наведува агенцијата "Синхуа", заразен бил и таткото на бебето, кој порано бил пуштен од болница.