Базен во новото училиште „Капиштец“
Во новото училиште „Капиштец“ во општина Центар ќе се гради и базен на барање на граѓаните на населбата Капиштец.
- Базенот ќе биде изграден со најсовремен материјал и ќе има здравствена и хигиенска безбедност според европски стандарди, со секојдневни бактериолошки испитувања на водата. Базенот, кој ќе биде со димензии 12 на 10 метри и длабочина од 0,80 до 2,10 метри, ќе има соблекувална, тушеви, просторија за вежбање, а водата ќе биде редовно контролирана, информираат од општина Центар.
Учениците, базенот ќе го користат до 15 часот бесплатно, а во слободните термини ќе можат да се рекреираат и деца од населбата. Во текот на летниот период, учениците од населбата ќе можат слободно да го користат базенот за освежување и рекреација.
Два пати неделно ќе има часови и за децата со церебрална парализа, кои ќе бидат сместени во ова училиште. Општината ги разгледува можностите, во договор со Министерството за труд и социјална политика, да се овозможи рекреација и за други деца со посебни потреби. За првпат на балканските простори ќе има инклузија на децата со посебни потреби, за нив во училиштето ќе биде предвиден простор со посебен влез и простор за сместување.
Ново на Сител
-
„Да не знаеш кој е Свети Климент Охридски, е како да не се познаваш себеси“
-
Преглед на вестите од светот
-
Седница на ЕСС во Владата
-
МВР: Пиротехника не – безбедност пред се
-
Преглед на вестите од светот
-
Фетаи потврди: Уставните судии Албанци ќе бојкотираат за Законот за јазици
-
Tема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
Касаноф: САД силно ја поддржуваат Македонија во интеграциите и борбата со корупцијата