Преглед на вестите од светот
По еден ипол месец од парламентарните избори и по десет неуспеши обиди, бухарските пратеници конечено успеаја да изберат претседател на парламентот. Се работи за кандидатка на БСП, Наталија Киселова, која ги освои потребните 140 гласови и ја доби битката со нејзинот противкандидат Силви Кирилов од Има таков народ. Киселова е правник и ескперт по уставно право. Освен нејзините сопартијците, за Киселова гласаа и пратениците на ГЕРБ на Бојко Борисов, на Продолжуваме со промената на Кирил Петков и на Алијансата за права и слободи. Со изборот на спикерот се отвора патот за формирање влада. Претседателот Радев ке треба да му го додели мандадот на Бојко Борисов, како победник на изборите. Борис неодамна изјави дека не сака да биде кандидат за премиер и рече дека Герб ке го врати мандадт за состав на нова влада, веднаш штом го добие.
По Алепо и Хама, сириските бунтовници тргнаа во офанзива и за осовјување на Хомс, третиот по големина град во Сирија. Битката за Хомс е мајка на сите битки и ќе одлучи кој ке владее со Сирија.Ние или Башар Ал Асад порачаа бунтовниците. Сирскиот претседател Башар Ал АСад пак им порача на бунтовнците дека ке ги уништи, додека клучните созјуници Иран и русија му понудија безусловна поддршла. Сирискиот министер за одбрана истака дека војската за брзо време ќе ја поврати контролата над Алепо и Хама . ОН соопштија дека 280 000 луѓе во Сирија се раселени откако бунтовниците на 27 номеври ја ја почнаа офанзивата за сособрување на Асад.
- И ако ситуацијата продолжи да се развива со тоа темпо, очекуваме колективно околу 1,5 милиони луѓе кои ќе бидат раселени и ќе имаат потреба од нашата поддршка“.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го назначи поранешниот главен оперативен директор на ПејПал, Дејвид Сакс за советник за вештачка интелегенција и криптовалути. Трамп рече дека Сакс ке биде криптоцар во Белата куќа, а ќе го води и Претседателскиот совет на советници за наука и технологија. Трамп за време на неговата претседателка кампања, вети дека ќе ги направи Соединетите држави критпо престолнина на планетата и ќе акумулира национални залихи на биткоин.
-
Емилија Штрејов
Сите содржини од овој новинар