Македонија
30. January 2016 - 9:26

Балетската претстава „Огнени градини“ вечер во МОБ

Во Македонската опера и балет (МОБ) вечер ќе биде изведена балетската претстава  „Огнени градини“. Изведба на најновата претстава на МОБ е најавена и за во вторник следната недела.

Кореографијата е работенана музика од познатиот шпански композитор Мануел де Фаља. Кореограф е Џејмс Амар од Франција кој воедно ги скицираше елементите за либретото на претставата.

Претставата е условно составена од три дела: Градините на Алхамбра, Градините на Кордоба и Маѓепсана љубов, а кореографијата содржи доста елементи од шпанските традиционални танци со нагласка на фламенкото.

Сценограф е Зоран Костовски, а костимограф Александар Ношпал. Со оркестарот на Македонската опера и балет ќе диригира Бисера Чадловска.

Настапуваат: во Градините на Алхамбра:Саша Евтимова, Дафина Данилоска, Билјана Басмаџиева, Игор Веланоски, Дојчин Дочев (Бугарија), Мирослав Митрашиновиќ; во Градините на Кордоба:Мими Поп Алексова-Атанасовска, Наташа Јосифовска, Ивана Коцевска, Васил Чичијашвили, Дојчин Дочев (Бугарија), Игор Веланоски;во Маѓепсана љубов: Александра Мијалкова, Мими Поп Алексова-Атанасовска Васил Чичијашвили,  Мирослав Митрашиновиќ

Вокален солист е Ирена Кавкалевска, а солист на пијано е Дино Имери