АЗИЗ
Историска драма за едни времиња бурни, за еден човек кој повторно ќе се роди, ќе се издигне како феникс од пепелта во која го фрлија и ќе ја почне својата голема борба за правда и слобода.
Азиз потекнува од познато семејство, воедно најголеми производители на теписи во регионот. Во тоа време, местото е под француска окупација и правата на слобода и избор за жал се ограничени. Судбината на Азиз и целото семејство се менува кога Азиз го убива францускиот делегат. Тогаш е приморан зад себе да ја остави родната земја, својата единствена љубов и сè што има како не би бил погубен. Да замине далеку од дома, да се спаси себеси, но и сите оние кои ги сака.
По две години, тој се враќа во родниот крај што предизвикува неверување за сите оние кои мислеа дека е мртов. Ништо веќе не е исто. Не само што Азиз изгуби сѐ што поседуваше, туку ситуацијата во тоа место е полоша од што беше. Покрај тоа, неговата прва љубов Дилруба е свршена со неговиот братучед Адем, син на неговиот вујко Галип Пајдар.
За Азиз не останува ништо друго освен да почне сѐ одново и да ги превземе работите во свои раце. Никаде не постои едноставен пат до слободата, и многумина од нас мораат да пројдат повеќе пати низ долината на смртта за да го достигнат врвот на своите желби. Па така и за Азиз следува долг пат низ таа долина, затоа што тајната на среќата е слободата. А тајната на слободата е токму храброста.
Во улогата на храбриот Азиз го гледаме познатиот Мурат Јилдирим, ѕвездата од сериите „Љубов и казна“ и „Аси“. Серијата доби неколку номинации на престижните телевизиски награди во Сеул, меѓу кои оние за најдобра драмска серија, најдобар актер и најдобро напишано сценарио.
Ново на Сител
-
Сител сторија: Пред 15 години се бореше за живот, денес е здрава и среќна тинејџерка
-
Легендарни спортски коментаторства во Сителовиот етер
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Од денеска во маркетите над 800 производи се со намалени цени
-
Германија и Словенија со нон пејпер бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања
-
Годишнина од формирањето на Движењето ЗНАМ
-
Информативната редакција на Сител со Роберт Поповски
-
30 години информативна редакција на Сител со Зоран Иванов