Од денеска во маркетите над 800 производи се со намалени цени
Повеќе од 800 прехранбени производи денеска се со цени пониски за 10 проценти. Поефтинуваат лебот и производите од житарици, месото, преработените месни и млечни производи, овошјето и зеленчукот, безалкохолните но и алкохолните пијалоци. Оваа листа на намалени производи во маркетите ќе биде на сила до 15 јануари. Секој производ на маркетите треба да е соодветно означен. Граѓаните не се многу задоволни генерално од цените на храната која секојдневно ја купуваат.
Пазарниот инспекторат врши засилени контроли во сите маркети и ги мониторира цените. Надлежните по обиколка во маркетите велат дека сите намалени производи биле обележани. Најавија и проширување на листата.
И оваа мерка ги скара политичките партии. Опозициската СДСМ обвини дека кошничките се измама, Владата овозможила трговците да се богатат на грбот на граѓаните.
Од ВМРО-ДПМНЕ им возвратија, дека токму тие додека беа на власт го покачиле ДДВ-то за прехранбени производи.
- Инфлацијата во време на владеење на СДС беше двоцифрена, а економијата ја уништија на сметка на фирми блиски до нов кои заработија милиони. За разлика од нив, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни мерки за раздвижување на економијата, странски директни инвестиции, покачување на плати и пензии, и за заштита на стандардот на граѓаните. Со новогодишната кошничка за прв пат се опфатени околу 1.000 производи, кои ќе обезбедат пониски цени на прехранбените производи.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар