Автобус удри 38-годишна жена во близина на трговски центар во Велес
Триесет и осумгодишна жена се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрил автобус. Несреќата се случила утрово во 7 часот на улица „Благој Ѓорев“, во близина на трговски центар во Велес.
Автобусот со велешки регистарски ознаки, кој удрил во 38-годишната Н.Р. бил управуван од 59-годишниот Т.Р..
Како што информира попладнево портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, во незгодата, Н.Р. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.
Полицијата извршила увид на местото на незгодата.
Како што информира за МИА д-р Весна Неделковска Николова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, повредената имала отворена скршеница на десна подлактица и и била укажана медицинска помош, а поради тежината на повредата со возило на Итна помош била препратена на понатамошно лекување во скопските клиники.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во Србија: Во судир со автобус загина возачот на автомобилот, 30 луѓе се повредени
-
Прва победа за Минесота во конференциското финале со Далас
-
Kонституиран новиот собраниски состав, Гаши нов спикер
-
Кацарска ќе даде осврт за претседателскиот мандат во Уставен, до крајот на месецов ќе се знае нејзиниот наследник
-
Дел од Ѓорче Петров и Карпош без струја
-
Путин: Оружјето со долг дострел за Киев може да има „сериозни последици“ за Европа
-
УНРВА: Речиси еден милион Палестинци го напуштиле градот Рафа во последните три недели
-
Примена на смртната казна во светот на највисоко ниво од 2015 година