Австрија: Војската не е во состојба да ги заштити граѓаните
Австрискиот министер за одбрана Томас Штарлингер, во извештајот за состојбата на австриската армија, презентираше катастрофална слика, во која се вели дека армијата во моментов не е во состојба да обезбеди заштита за граѓаните низ цела Австрија.
На армијата и е потребна инвестиција од 16,2 милијарди евра за нормални операции, а има акутна потреба од 900 милиони евра.
Доколку итно не се обезбеди поголемо финансирање, војската целосно ќе ја изгуби можноста да ги извршува своите задачи во наредните десет години, предупредува Штарлингер.
Во извештајот се препорачува зголемување на буџетот за одбрана следната година од сегашните 2,2 милијарди на 3,1 милијарди евра, како и постепено зголемување на издвојувањата на еден процент од БДП до 2030 година.
Само за потребите на оклопните единици потребни се шест милијарди евра, а за воздушната одбрана 2,2 милијарди евра.
Извештајот се заснова на експертиза од дома и од странство.
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс