-->
-->
Австрија се заканува дека ќе го саботира договорот меѓу Македонија и Грција
-->

Дипломати од ЕУ брифираат за „Телеграф“ дека договорот може да биде неупотреблив на Самитот на ЕУ лидерите на 28 јуни во Брисел, односно дека Австрија може да стави вето на заклучоците и покрај тоа што Грција би го испратила договореното писмо за поддршка.
Секој самит на Европскиот совет обично завршува со сет на заклучоци, кои потоа делуваат како инструкции за Европската комисија. Австрија ги информирала дипломатите во Брисел дека ќе ги блокира заклучоците за проширување на ЕУ, ако Турција биде спомената во конктекстот на проширување заедно со Македонија и земјите од Западен Балкан како Србија и Црна Гора.
„Телеграф“ предвидува дека задкулисната драма околу миграционата политика на ЕУ може да еруптира на самитот во Брисел.
– Дипломатите на ЕУ ќе продолжат да преговараат за заклучоците во периодот од две недели што претстои до Самитот, но Виена не покажува знаци на ублажување на својот зацртан став и покрај поддршката за отпочнување преговори за членство која им се дава на некои земји од Западен Балкан, пишува „Телеграф“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари
-
Преглед на вестите од светот