АВМУ: Осуда за нападите на новинарските екипи, медиумите објективно и непристрасно да известуваат
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски (АВМУ) услуги најостро го осудува насилството врз новинарите и новинарските екипи, за време на вчерашните случувања во Собранието на Република Македонија.
- Во такви тензични мигови, од огромно значење е да им се овозможи на медиумските професионалци непречено и безбедно да ја извршуваат својата работа. Тие се таму за да ја информираат јавноста за актуелните општествено-политички настани и оттаму, секое насилство врз нив е неприфатливо и претставува директен напад врз слободата на изразувањето, стои во соопштението од Агенцијата.
Истовремено, Агенцијата потенцира дека во вакви ситуации и медиумите треба да бидат дораснати на тежината на својата улога и да ја преземат одговорноста да известуваат објективно и непристрасно, да не пренесуваат шпекулации и непроверени информации, но и да не сокриваат факти и да не ја подгреваат тензијата.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите