АВМУ бара од Канал 77 емитување идентичен програмски сервис
Агeнцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги спроведе програмски надзор на програмата што ја емитува радио Канал 77 во Скопје, Битола и Штип при што констатира дека постои разлика во обемот и во составот на некои од рекламните блокови, додека составот на музиката и содржината на емисиите – новинарски обликуваните целини, е идентичен.
Агенцијата, како што соопштуваат, го извести Радио Канал 77 дека треба на целата територија на Република Македонија да емитува идентичен програмски сервис (вклучувјаќи ги и рекламите), што треба да го стори најдоцна во рок од 45 дена.
Појаснуваат дека секој радиодифузер, со доделувањето дозвола од страна на Агенцијата, стекнува право да го емитува програмскиот сервис на подрачјето за кое е издадена дозвола. Програмскиот сервис пак, законски е дефиниран како целина од програми и други елементи (како на пример рекламите) на една единствена аудио или аудиовизуелна медиумска услуга што ја обезбедува конкретен радиодифузер, а е наменета за прием од страна на јавноста. Оттаму, ниту еден радиодифузер не може да емитува различна програма во различни региони.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: ЕУ сака да биде партнер на САД во обезбедувањето праведен и траен мир за Украина
-
Кратово подготвува богата програма за прослава на денот на патрон-светецот, Свети Ѓорги Кратовски
-
Ѓоковиќ ја нарече неправедна казната на Јаник Синер
-
Кајри Ирвинг сака да настапува за Австралија
-
Арсенал казнет од Фудбалската асоцијација на Англија
-
Родителите оставија пораки во основните училишта во Нови Сад: Нема правда – нема училиште
-
Кина се надева дека „сите засегнати страни“ ќе учествуваат во мировните преговори за Украина
-
Еврогрупата го поддржува влезот Бугарија во Еврозоната откако ќе ги исполни поставените критериуми