Македонија
10. јуни 2024 - 17:04

Атанасовски: Изборите во Бугарија нема да ги сменат позициите кон Македонија

Македонија не трееба да се надева на менување на бугарските позиции по убедливата победа на Бојко Борисов на изборите во Бугарија. Анализите и изборните резултати говорат дека тој нема да може сам да формира влада, па најавите за политичка стабилност може да паднат во вода , анализира аналитичарот Благојче Атанасовски.

Но  предноста нема да му обезбеди комотна состојба за политичка стабилност. Бр5ојките велат дека тој би освоил околу 70 пратенички мандати, недоволни да обезбеди мнозинство во Парламентот. Дополнителен проблем за него е и што останатите коалиции кои влегуваат во парламентот не се наклонети кон формирање на владина коалиција, вели Атанасовски.

Ако се исполнат најавите, Борисов нема да се кандидира за премиерската позиција, но уверен е во стабилна влада.

Според освоените гласови, ГЕРБ ќе има 73 пратеници во 240 члениот бугарскиот парламент, Продолжуваме со промените/Демократска Бугарија - 44, ДПС - 42, Преродба - 39, БСП - 24, а Има таков народ- 18.

Ова се шести по ред избори во Бугарија во последните три години. Ако Борисов не успее да формира стабилно мнозинство, не е исклучено наесен повторно да се случат нови избори.