-->
-->
Астронаут од Меѓународната вселенска станица настапи на концерт на Крафтверк
-->
Германскиот астронаут Александер Герст синоќа „упадна“ на концертот на Крафтверк со настап, кој го имаше на Меѓународната вселенска станица (МСС).
Европската вселенска агенција (ЕСА) денеска на интернет постави видео снимка на која се гледа како астронаутот Герст настапува заедно со Крафтверк.
Герст синоќа користејќи таблет со виртуелен синтисајзер, заедно со Крафтверк, ја изведоа песната од 1978 година „Вселенска лабораторија (Spacelab).
Герст не е првиот музичар од Вселената, бидејќи канадскиот астронаут Крис Хедфилд во 2013 година сними кавер верзија на „Вселенска одисеја“ на Дејвид Боуви и свиреше дует со групата Бернејкид лијдиз додека беше 400 километри над Земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори