Асфалтирање на локалниот пат меѓу делчевските села Очипала и Драмче
Почна асфалтирањето на локалиот пат меѓу селата Очипала и Драмче во должина од околу 2,6 километри.
Како што информираат од Општина Делчево, во моментов се асфалтираат првите 600 метри, по што во втората фаза од проектот ќе се асфалтираат околу 1000 метри, а во третата фаза ќе се реализираат уште 1000 метри должина или вкупно ќе се асфалтираат 2561 метар од локалниот пат кој беше во лоша состојба.
- Оваа завршна фаза за реконструкцијата на оваа значајна локална сообраќајница следува по започнатата реконструкција кон крајот на 2016 година. Реконструкцијата на овој локален патен правец ќе придонесе кон подобрување на сообраќајното поврзување на овие две села со Делчево, исто така, ќе биде и од голема полза за сите жители коишто овој пат го користат за да дојдат до своите ниви и имоти кои гравитираат на овој дел, информираат од Општина Делчево.
Средствата во висина од 17.599.700 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Во однос на инфраструктурните проекти во селските средини, од Одделението за урбанизам во Општина Делчево најавија дека наредниот период ќе се пристапи кон изградба и реконструкција на неколку улици во селата Стамер, Ѕвегор и Разловци, за што се подготвува документација.
Ново на Сител
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ