Арсовски: Кога ЈО ќе отвори случај за сведоштвото на благајничката од Националната агенција
Како што можете да забележите огромна е ароганцијата и дрскоста кај функционерите на СДСМ.
Покрај ароганцијата и дрскоста, Лидија Димова и Љупчо Николовски прават театар пред граѓаните, преку медиумите со кој ги замајуваат граѓаните неколку денови, дали треба да си даде оставка Лидија Димова од директор на агенцијата или не треба да си даде.
Сето ова се прави медиумски за да се дефокусира јавноста од криминалот кој што се случувал во агенцијата.
Имаме јавно сведоштво од благајник кој работел во Националната агенција дека фалат 20.000 евра, односно нема покритие за таа сума на пари, кои се подигнати од благајната на Националната агенција со факсимил на Лидија Димова.
За ова сеуште нема отворено никој случај, се уште не е влезено Јавното обвинителство, се уште државниот завод за ревизија нема влезено да направи ревизија на работењето и најважното, се уште Лидија Димова е на функцијата директор на Националната агенција.
Уште колку пари треба да фалат во благајната за да си даде оставка Лидија Димова?
Се уште Лидија Димова не го објавува рангирањето на проектите, односно бодувањето на проектите, кој проект колку бодови имал на рангирањето во Агенцијата. Тука вклучително говориме за оние проекти на фризерницата која што доби над 270.000 евра.
Се уште братот на пратеникот од СДСМ, Диме Велковски не го објавува јавно финалниот извештај кој што го побаравме и ние и граѓаните, да го објави од проектите за магариња и сирење, на кој начин и каде завршиле над 200.000 евра.
Лидија Димова е влезена во скандали за кои што слушаме само последнава недела, во висина од над 600.000 евра, а Заев се уште плаши да ја смени.
Зошто се плаши Зоран Заев да ја смени Лидија Димова од позицијата директор на Националната агенција?
Дали парите од дел од проектите завршувале кај блиски луѓе од СДСМ наменети за предизборната кампања на СДСМ?
Ова се прашањата на кои треба да одговорат од Владата, СДСМ, но и од Јавното обвинителство доколку се разбуди од зимскиот сон.
До тогаш, Лидија Димова воопшто да не чека, да не прави театар низ медиумите со Љупчо Николовски, туку веднаш да си даде оставка од позицијата директор на Националната агенција.
Прашање: Гледаме огромни бројки во однос на КОВИД заразата, кој е вашиот став и коментари во однос на овие бројки?
Одговор: Како што неколку пати имаме напоменато и заклучено на оваа тема, оваа влада на СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче буквално ништо не прават во врска со справувањето со КОВИД пандемијата. Зошто го велиме ова, најпрво гледаме дека бројките растат пребрзо, веќе имаме над 600тини заразени секој ден, по десетина починати и тоа е навистина жално. Од друга страна имаме македонски Вухан, тоа е градот Струмица, од каде што доаѓа премиерот, на кој воопшто не му е гајле за целата ситуација која што се случува таму. Да сумирам во однос на сите мерки кои што се предлагаат во моментот за цело она парадирање на Венко Филипче и сите останати околу КОВИД пандемијата на медиумите мораме да заклучиме дека оваа Комисија за заразни болести во моментов треба да биде променета. Зошто го велиме ова? Треба непартиска Комисија составена од професионалци, која што нема да работи согласно барањата на Зоран Заев и Венко Филипче. Треба Комисија која што навистина ќе донесе мерки, ќе побара мерки кои што ќе влијаат на намалување на бројката на новозаразени. Дополнително истата Комисија доколку не биде променета ќе треба да понесе одговорност за целава оваа ситуација. Бидејќи како што можеме да видиме деновиве, а и претходно откако се зголемија значително бројките Венко Филипче, Зоран Заев, Комисијава си прават пинг – понг со целата ситуација. Венко вели Комисијата така рече, Зоран Заев вели министерот Венко и Комисијата така, Комисијава вели ние препорачавме на Владата и таа е договорна што ќе направи. Така, да со тој пинг – понг додека се случува низ медиумите помеѓу овие три институции во државата, умираат луѓе од корона заразата. Секој ден десетина починати, и над 600 заразени. Ова е навистина алармантно и во најбрз можен рок треба да биде променета најпрвин Комисијата за заразни болести, да се состави Комисија од професионалци, а веднаш потоа да почне да функционира и да се работи на справување со кризата, бидејќи во моментот не се прави ништо.
Прашање: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара лидерска на која ќе се зборува за односите со Бугарија, економијата во Македонија, пописот и други теми, дали има некаква најава власта да прифати ваква средба? Дополнително според изјавите на власта и луѓето кој што ја работат проблематиката со надворешна политика, кои се или кој треба да бидат црвените линии во Договорот со Бугарија?
Одговор: Најпрвин, до моментот кога се одржува оваа прес конференција нема никаква, ама буквално никаква комуникација да прифати власта лидерска средба, како што спомена и вчера Претседателот е неопходна за се ова што се случува во државата. Бидејќи целата ситуација, економска, политичка, здравствена, на надворешен план е се премногу важно, а како што гледаме се оди во надолна линија. Затоа ги охрабруваме уште еднаш, иако јавно покажуваат дека се арогантни, сметаме дека треба да се охрабрат и да прифатат една лидерска средба каде што ќе се говори отворено на сите прашања, вклучително и запознавање на јавноста со сите прашања.
Во однос на изјавите од страна на функционерите на власта кои што преговараат со нашиот источен сосед во однос на надворешните прашања, мораме да потенцираме дека ако ги погледнеме изјавите, конкретно на Никола Димитров кој што претходно беше министер за надворешни, но и на сегашниот министер за надворешни работи се фокусираат на македонскиот јазик. Каде е тука историјата и идентитетот, никаде не ги споменуваат, со тоа што сериозно треба да излезат и на јавноста да и одговорат за сите овие прашања. За сите оние прашања кои се поставени како ултиматум од владата во Бугарија, но и кои се нивните црвени линии. За ВМРО-ДПМНЕ во однос на црвените линии, бидејќи се фокусираат на една точка и никаде не ги споменуваат идентитетот и историјата, односно не гарантираат дека со овој Договор ќе бидат заштитени, еве би го прашал конкретно господинот Димитров, бидејќи неговиот татко е роден пред 1945-та година, дали тој ќе прифати неговиот татко да не биде Македонец, бидејќи сега живее во Македонија се декларира како Македонец, но со Договорот, како што можеме да видеме дека се фокусираат само на јазикот, дали господинот Димитров може да прифати дека неговиот татко може да биде нешто друго, освен Македонец. Дополнително нашиот идентитет се темели на настаните пред 1945 година, кога македонскиот народ се борел за независна држава. За овие прашања треба да говори и Владата на Република Македонија каде што ќе и ги каже јавно на граѓаните сите позиции и се она за што се преговара и што се договора за Договорот кој што треба да биде потпишан помеѓу двете држави.
Ново на Сител
-
Зеленски: Подготвени сме за крај на војната во замена за членство во НАТО
-
Артета: Сочувствувам со Гвардиола, минува низ пекол
-
Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти
-
Откорната плочата на почесниот конзулар на Србија во Куманово
-
До 5 години затвор за лицето кое го запали македонското знаме во Скопје | ФОТО
-
Кошта: Треба да работиме на проширувањето на ЕУ без вештачки временски рокови и бесконечни пречки
-
ОЈО: Предложен притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза
-
Педесет и седумгодишен маж пронајден починат во својот дом во Кисела Вода