Арсовска: Долгот на централните власти кон ЈСП следната година ќе достигне десет милиони евра
Долгот на централните власти кон Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје од јануари идната година ќе изнесува десет милиони евра и Советот треба да дискутира дали воопшто ќе има бесплатен превоз за сите, а не само за студентите од приватните универзитети, изјави денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Превозот за студентите, вкучително и за оние од приватните факултети, како што посочи, требало да биде обезбеден од централните власти како дотација кон претпријатието и како дел од мерката за поддршка на студентскиот стандард.
- Долгот кон ЈСП е веќе осум милиони евра. Од почетокот на наредната година долгот ќе изнесува десет милиони евра, долг на централната власт кон градот Скопје, односно кон Јавното Сообраќајно Претпријатие така што веќе не можеме да дискутираме за бесплатен јавен превоз, не само за студентите од приватните универзитети. Јавното градско претпријатие функционира со тоа што генерира навистина големи трошоци за разлика од претходните мандати кога во година имало и до 30- 40 милиони евра коишто се слевале од страна на централниот буџет во касата на јавните претпријатија. Сега во изминативе три години имаме дефицит односно помалку средства од она што го должат, не зборувам за студентите, туку за она што го должат околу 20 милиони евра долг од централните власти и институции во државата кон јавните претпријатија, рече Арсовска.
Според неа, советниците на Скопје ќе мора да донесат одлука затоа што без да има покритие на трошоците, ЈСП ќе тоне се повеќе во долгови.
Одговарајќи на новинарски прашања, Арсовска рече дека ЈСП е огромен потрошувач на нафтени деривати, нагласувајќи, дека станува збор за тековни побарувања, а проблем е и одржувањето на автобусите и набавката на резервни делови.
Во однос на новогодишното украсување на главниот град, Арсовска рече дека постапките се започнати и наредната недела ќе има повеќе информации.
Ново на Сител
-
Зеленски: Подготвени сме за крај на војната во замена за членство во НАТО
-
Артета: Сочувствувам со Гвардиола, минува низ пекол
-
Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти
-
Откорната плочата на почесниот конзулар на Србија во Куманово
-
До 5 години затвор за лицето кое го запали македонското знаме во Скопје | ФОТО
-
Кошта: Треба да работиме на проширувањето на ЕУ без вештачки временски рокови и бесконечни пречки
-
ОЈО: Предложен притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза
-
Педесет и седумгодишен маж пронајден починат во својот дом во Кисела Вода