Живот
29. јуни 2019 - 10:41

Антониа Гиговска извонредна во суперфиналето на Ѕвездичките на Пинк

По 8 месеци воодушевување на публиката, Антониа го заврши натпреварувањето во Ѕвездичките на Пинк во вториот круг од суперфиналето, во кое се претстави со две извонредни изведби.

Во суперфиналето нашата Антониа се претстави со две песни кои звучеа извонредно.

Во првиот круг се претстави со евровизиската Proud, која звучеше светски, а на сцената кажа дека дури и Тамара ѝ честитала.

Во вториот круг, се претстави со I'll Never Love Again од оскаровскиот филм A Star is Born, која ја изведе извонредно, а жирито изјави дека оваа изведба мора да ја слушне Лејди Гага, бидејќи со сигурност ќе го препознае нејзиниот талент.

Публиката до доцните часови неуморно ги поддржуваше финалистите, а Антониа за жал не влезе во третиот круг на суперфиналето на Ѕвездичките на Пинк, во кој победи Сергеј Пајиќ.

Во изминатите месеци, Антониа немаше ниту еден лош перформанс, а публиката и жирито постојано ги оставаше со подзинати усти.

И во финалето таа доби одлични критики од жирито, стоечки овации и поддршка од фановите, кои веруваат дека таа е нашиот вистински победник иако не го освои првото место.