-->
-->
„Антологија на болката" за „Тело одречено од пливање" на Митко Апостолов
-->
Стихозбирката „Тело одречено од пливање" од Митко Апостолов е добитник на наградата „Антологија на болката" за најдобра дебитантска и необјавена поетска збирка од современ македонски поет во 2017 година.
Вака одлучи стручната жири комисија во состав Ана Костовска, директор на издавачката куќа „Култура", Даница Ивановска Лепојевиќ, поет и минатогодишен лауреат, и Катерина Момева, писател по анализата на сите 12 стихозбирки од официјалната конкуренција за наградата.
Апостолов е роден на 01.08.1987 година во Тетово. Дипломирал на Машински факултет - Скопје. Почнал да пишува поезија и кратка проза на blog.mk. Негови песни и кратки раскази се објавени во списанијата "Акт" и "Чивилук". Во 2016 настапува на 15. Меѓународна книжевна средба во Велење, Словенија, каде е објавен во антологијата на словенечки јазик „Фестивална антологија на изворна и преведенa европска поезија на 21-от век". Застапен е во е-зборникот од 2015 година од глобалната поетска манифестација „100 Илјади поети за промена“, како и во алманахот од интернационалниот фестивал „Литературни искри“ од Гостивар за 2016та година. Има учествувано на повеќе поетски читања меѓу кои и Астални проекции. Живее и работи во Скопје.
Наградата „Антологија на болката" се состои од плакета, публикација на стихозбирката од страна на „Култура" и нејзина промоција во рамките на 54. „Рацинови средби", а на Апостолов ќе му биде доделена на свеченото отворање на манифестацијата на 9 јуни во Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Лилјана Поповска
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Ни Северна, ниту Република: Силјановска се заколна во Македонија - стигнаа реакциите
-
Борисов: Мицкоски ми е добар пријател, го повикувам да престане да зборува, изборите поминаа
-
Дали градинките не треба да примаат родители на завршните приредби поради голема кашлица?
-
Македонските водичи бараат поголеми контроли од инспекторите
-
Националната мрежа на земјоделци бара системски решенија за македонскиот аграр