Антикорупциска изрече јавна опомена за судир на интереси
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска изрече јавна опомена за Лавдурим Вејселовски. Комисијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси, констатира состојба на судир на интереси кај лицето Лавдурим Вејселовски поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси.
Вејселовски, според ДКСК, покрај функцијата член на Советот на Општина Центар Жупа ја извршувал и функцијата управител на трговското друштво – Градежно, производно и услужно друштво „ВЕЈС-КОМ“ ДООЕЛ експорт-импорт Центар Жупа.
Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Комисијата се обратила до Вејселовски со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува.
Вејселовски постапил согласно бараното од страна на Државната комисија, односно направил промена на управителската функција на наведеното трговско друштво, но за нов управител на трговското друштво – Градежно, производно и услужно друштво „ВЕЈС-КОМ“ ДООЕЛ експорт-импорт Центар Жупа, го назначил лицето Цено Вејселовски, кое е негово блиско лице, по што повторно се ставил во состојба на судир на интереси. За таа цел Државната комисија, повторно се обратила до Лавдурим Вејселовски со барање да превземе чекори во насока на отстранување на утврдените повреди на член 9 в.в. со член 3 став 1 алинеја 5 од Законот за спречување судир на интереси, на начин што од ова лице побара во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето, да постапи по укажувањето на Државната комисија.
Вејселовски не постапил по барањето на Државната комисија, поради што во согласност со член 23, став 3 од Законот за спречување судир на интереси ДКСК донела одлука на ова лице да му изрече мерка јавна опомена.
Ново на Сител
-
Ќе останат ли без фактори за коагулација лицата со хемофилија?
-
Предложената концепција за гимназиско е на штета на учениците и наставниот кадар
-
Наместо ТOЕФЛ, за јавни функции ќе важи и Б2 сертификат за познавање странски јазици
-
Трошок за еден пензионер го покриваат речиси двајца вработени, над 200 лица во ПИОМ земале плата, а не оделе на работа
-
Македонец меѓу екстремистите од терористичката ќелија која планирала напад врз цивили
-
Оставка на српскиот премиер
-
Таравари: До крајот на неделата ќе има лекови на онкологија
-
Мицкоски: Злоупотребувале државни ресурси за да ме следат