Анкета: Нова демократија со 6,2 отсто повисок рејтинг од СИРИЗА
Грчката владејачка партија Нова демократија е со 6,2 отсто повисок рејтинг од опозициската СИРИЗА, а на третото место е ПАСОК- Движење на промена, според резултатите од истражувањето на јавното мислење на компанијата „Alco“ за телевизијата Алфа, јави дописничката на МИА од Атина.
Анкетата е прва објавена откако и официјално беа распишани изборите во Грција, а Нова демократија добива 31,6 отсто, СИРИЗА 25,4 проценти, ПАСОК- Движење на промена 8, 9 отсто, а потоа следат Комунистичката партија, Грчко решение, МЕРА 25 и Национална партија Грци на осудениот поранешен пратеник од Златна зора.
Податоците од истражувањето на јавното мислење покажуваат дека анкетираните преферираат одржување втори избори, наспроти формирање коалициска влада.
На прашањето доколку по изборите постои можноста за формирање влада на Нова Демократија и ПАСОК, 26 проценти од анкетираните поддржуваат коалициска влада, а 62 отсто од анкетираните сметаат дека подобро е да се одржат нови избори.
Слична е ситуацијата и на прашањето за евентуално коалицирање на СИРИЗА, ПАСОК и МЕРА25. Половина од испитаниците (51 отсто) сакаат нови избори, а 37 проценти би ја поддржале конкретната коалициска влада.
Истражувањето на јавното мислење на компанијата „Alco“ за телевизијата Алфа било спроведено од 18 до 22 април 2023 година со анкетирани 1.000 лица со право на глас.
Ново на Сител
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп