Ангеловски: Има засилена полициска контрола бидејќи има дојави за попречување на изборниот процес
Портпаролот на МВР Тони Ангеловски за Сител изјави дека засега во два града има засилена полициска контрола, во Кратово и Кочани бидејќи има дојави за наводно попречување на изборниот процес.
- Нормално дека полициските службеници мора да реагираат на секоја пријава. Најголемиот дел од овие пријави се лажни и се утврдуваат дека се неточни, но ние како полициски службеници мораме да ги провериме. Едноставно си ја вршиме работата, секогаш кога има пријави од граѓани мора на лице место да се проверат за да се утврди дали станува збор за вистинита или невистинита пријава,и токму затоа е полициското присуство во Кочани и Кратово, рече Ангеловски.
Во однос на информациите дека повеќе возила се пратени на технички преглед, Ангеловски изјави дека треба да се провери дали има таков случај и да се утврди.
-Јас засега немам таква информација, но тоа секако ќе го провериме и ќе ве известиме, рече Ангеловски.
Ново на Сител
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново