Ангела Меркел денеска во Берлин го пречекува српскиот премиер Александар Вучиќ
Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска попладне во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, потврди Танјуг, повикувајќи се на изјава од кабинетот на премиерот.
Нивниот десетти состанок, претходно планиран за петок, 17 март, е поместен нанапред бидејќи во меѓувреме беше одложена средбата на германската канцеларка со американскиот претседател Доналд Трамп.
Теми на разговор меѓу Вучиќ и Меркел ќе бидат билатералните односи, регионалните прашања, европската политика и економија, како и мигрантската политика, претходно изјави заменик портпаролот на германската Влада Улрике Демер.
Станува збор за најактуелните прашања, особено за регионот на Западен Балкан, но и прашањата што деновиве се наоѓаат на агендата на највисоките европски институции во Брисел.
Меркел ја откажа посетата на Вашингтон, каде требаше да се сретне со Трамп, заради брзото напредување на зимската бура која се очекува да го погоди североистокот од САД.
Ново на Сител
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи
-
Нема нови случаи со шуга во училиштето во кумановско - ИЈЗ бележи зголемен број заболени од ова заразно заболување
-
Пулмологија преполна – грипот предизвика сериозни компликации кај хронични пациенти
-
„Градски превоз“ за почеток ќе користи стари реконструирани возови - инфраструктурата може да се користи
-
Владата одлучи за разрешување на државниот обвинител Коцевски