Ангел Димитров: Нема држава која повеќе од Бугарија сака Македонија да стане членка на ЕУ, но постои едно „но“
Тешко дека постои држава која повеќе од Бугарија сака Северна Македонија да стане членка на Европската Унија, но секогаш постои едно „но“, бидејќи членството зависи од подготвеноста на една земја кандидат за тоа, вели копретседавачот на бугарско-македонската Заедничка комисија за историски и образовни прашања, Ангел Димитров.
– Би сакал да кажам дека Република Северна Македонија е подготвена да ги започне преговорите, но не гледам основа за тоа, изјави Димитров за Бугарската национална телевизија.
Димитров смета дека историјата има влијание во сите сфери, дава аргументи и им помага на политичарите да ги сфатат корените на современите проблеми, но таа не е онаа што ги одредуваат односите.
– Целата одговорност е на политичарите. Политичарите се секогаш на потег кога се во прашање билатералните односи, нагласи Димитров.
Според него, бугарската позиција кон земјава е „совршено јасна“, но прашање е колку таа е добро претставена и дали некој сака да ја сфати.
Во пресрет на следниот состанок на Комисијата, предвиден за в четврток, Димитров истакнува дека на него ќе се разговара за она „за што се зборува веќе пет состаноци по ред“.
– Заглавивме во 10-11 век – крајот на Првото бугарско царство, времето на цар Самуил и неговите наследници. Не останува време да разговараме за заедничкото чествување на двете држави на Гоце Делчев, вели Димитров.
Запрашан за иднината на Комисијата, Димитров вели дека колку и да изгледа дека нејзината работа не дава резултати, таа сепак го привлекува вниманието на јавноста во двете земји, бидејќи прашањата за кои расправа ги засега луѓето.
– Комисијата е показател за состојбата на билатералната комуникација, смета Димитров.
Тој во гостувањето на БНТ наведува и дека македонските историчари не се подготвени да работат „според принципите карактеристични за секоја наука – упатувањето и почитувањето на фактите и изворите“.
– За нив ова е лизгав терен, бидејќи нема ниту еден историски доказ во кој се зборува за постоење на македонски народ, македонска држава и дека Самуил е македонски цар, врз основа на што би се започнала една сериозна дискусија, додава Димитров.
Ново на Сител
-
Лајчак: Искористете ја шансата за влез во ЕУ, да не останете запоставени
-
ОЈО побара притвор за 9 од вкупно 23 осомничени во акцијата ,,Адитив''
-
Храната поскапува - Власта уверува дека цените ќе паднат со новогодишната кошница
-
Реставрација на споменици на културата
-
Преглед на вестите од свет
-
Законот за јазиците пред Уставен
-
Приведените во „Адитив“ пред суд
-
Расте откупната цена на тутунот