Анализа: Се подготвува ли проширување на Охридскиот рамковен договор?
Експертите се резервирани по прашањето за отворање на Уставот во однос на бришење на квотата од 20%. Велат доколку дојде до тоа, процесот треба да се одвива со вклученост на сите политички фактори односно во ист формат како што се одвиваше усогласувањето на Охридскиот рамковен договор.
Процесот мора да се води многу внимателно, вели професорот по Уставно право и политички систем, Александар Спасеновски. Мора да има дијалог без политизација и да се води сметка за тоа сите чинители да бидат рамноправни во одлучувањето.
Со Охридскиот рамковед договор, според Спасеновски, земјава направи силен позитивен исчекор во смисла на правичната застапеност на секое ниво, но она на што дополнително треба да се работи е на обврските кои произлегуваат од таа правична застапеност.
Денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ услови разговори за евентуална промена на Уставот со укинување на Бадентер и воведување на една изборна единица.
Неговиот став следи ден откако премиерот Димитар Ковачевски рече дека легитимно е да почнат уставни измени во делот на правата на етничките заедници доколку за тоа има интерес.
ДУИ, Алијанса и БЕСА веќе излегоа со став дека пописот според нив покажал каква е реалноста и дека Уставот треба да се прилагоди. Заменик претседателот на БЕСА Аријанит Хоџа отиде до таму да побара повеќе уставни и законски измени кои ќе биле во насока на дефинирање како што вели бинационална држава.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар