Анализа: Како да нема превиди во помилувањето
Комисијата за помилување нема направено превид. Недоволната комуникација помеѓу институциите и давањето на нецелосни податоци од страна на судовите доведуваат до вакви ситуации и скандали, вели професорот по правни науки, Кимо Чавдар,откако членовите поднесоа колективни оставки.
Според него, членовите на Комисијата добиваат податоци од затворот, судот и од министерството за правда и на база на тие податоци одлучуваат, затоа вината требало да се бара на повисоко ниво. Вели оставките на членовите се морален чин но и израз на револт.
Професорот Чавдар кој и самиот бил дел од Комисија за помилување вели дека вакви случаи имало и во минатото, поради нецелосни информации од судот и полицијата дадено е помилување на лице кое во моментот на одлуката имало сторено и други дела, а барало помилување за само едно дело, пред чие сторување не било осудувано.
По бројните реакции во јавноста за помилувањето на претседателката на државата од 23 октомври, и ослободувањето на лица за кои се водат и други постапки, Комисијата за помилување синоќа си поднесе колективна оставка. Како што информираат , оставката ја поднесуваат од лични и професионални принципи.
Претседателката Силјановска Давкова , ја прифатила оставката, а од нејзиниот кабинет најавија дека во следниот период ќе изврши консултации за новиот состав на Комисијата, како и за институционалните и законски слабости што постојат во системот за помилување на осудени лица.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар