Аморим по триумфот во градското дерби: Беше неверојатно, но ја заслуживме победата
Прво градско дерби и прва победа за Рубен Аморим. На Португалецот не му беше лесно на дуелот со Манчестер Сити, неговиот тим не играше добро во поголемиот дел од мечот на „Етихад“, првиот удар во противничкиот гол го упати дури по еден час игра, но на крајот на натпреварот оствари голема победа.
-Беше неверојатно, но мислам дека заслуживме да победиме. Многу тежок натпревар, но верувавме до крајот. Успеавме да постигнеме голови, ни требаше оваа победа, таа е многу важна за нас и за нашите навивачи, изјави Рубен Аморим по натпреварот, пренесе Би-Би-Си.
Португалецот го истакна карактерот на својот тим и потенцира дека е многу важно што неговите играчи никогаш не ја изгубиле вербата во добар исход.
-Бевме во игра 90 минути и тоа е многу добро. Денешниот ден беше сосема поинаков во споредба со Арсенал. Тогаш одигравме добро во првото полувреме, но тие не веруваа дека можеме да победиме, потсети Аморим.
Овој триумф потсети на времето кога Јунајтед беше предводен од легендарниот Алекс Фергусон и ги победуваше ривалите на крајот од натпреварите.
-Да, го доживеавме „времето на Ферги“, се се соедини и се случи нешто магично. Ова беше дефинитивно добар ден за нас. Нашиот клуб треба да победува на вакви натпревари, ја разбирам среќата на нашите навивачи, но мораме да продолжиме со добри резултати, истакна Португалецот.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“ е свесен дека тоа е далеку од тоа што сака да го прави во овој познат клуб. Јунајтед е само на 13. место во Премиер лигата.
-Имаме многу да поправиме, но денеска момците заслужија да победат. Се боревме до последната минута, а тоа е исклучително важно, потенцира Рубен Аморим.
Во следното коло Манчестер Јунајтед го пречекува Бурнмаут. Пред тоа избраниците на Рубен Аморим ги очекува дерби од Лига купот против Тотенхем во Лондон.
Ново на Сител
-
Плата за живот
-
179 загинати и двајца преживеани во авионска несреќа во Јужна Кореја
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза