Американскиот сенатор, обвинет за сексуално злоставување, најави оставка
Демократскиот сенатор Ал Франкен најави дека ќе поднесе оставка, откако повеќе жени го обвинија за сексуално вознемирување.
Франкен, поранешен актер и комичар, уживаше голема поддршка меѓу демократите, а во американските медиуми се спомнуваше и како можен кандидат на претседателските избори во 2020 година. Неговата репутација беше нарушена откако повеќе жени го обвинија за сексуално вознемирување и тоа од несоодветно допирање до насилни обиди да ги бакне.
Франкен денеска соопшти дека ќе поднесе оставка, но дека нема да престане да зборува за прашањата кои ги смета за важни.
- Знам дека не направив ништо со што би ја посрамотиол оваа институција...меѓутоа денеска објавувам дека во следните недели ќе го напуштам Сенатот, истакна 66-годишниот Франкен.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување