Американската војска уби четири лица во најновиот напад врз брод за шверц на дрога

Американската војска погоди уште еден наводен брод за шверц на дрога во источниот Пацифик, при што загинаа четири лица од бродот, соопшти синоќа Јужната команда на САД (SOUTHCOM), пренесе ДПА.
Бродот наводно бил управуван „од назначена терористичка организација“ и носел наркотици по позната рута за шверц.
„Четири машки наркотерористи на бродот беа убиени“, соопшти SOUTHCOM на X.
Американските сили во текот на изминатите неколку месеци извршија слични напади врз бродови наводно полни со дрога во Карибите и Пацификот, честопати без јавно да презентираат докази за да ги оправдаат нападите, потсетува германската агенција.
Медиумските извештаи покажуваат дека досега во вакви операции се убиени речиси 90 лица.
Американската администрација ги опиша жртвите како шверцери на дрога и „терористи“.
Вонсудските убиства предизвикаа широки критики. Експертите за човекови права на Обединетите нации велат дека дејствијата го кршат меѓународното право, потсетува ДПА.
Шефот на Пентагон, Пит Хегсет, неодамна изјави дека се планираат дополнителни напади.
„Тукушто почнавме да напаѓаме нарко-бродови и да ги ставаме нарко-терористите на дното на океанот“, рече тој за време на неодамнешниот состанок на кабинетот.
МИА
Ново на Сител
-

Евтината струја преку ден останува како досега од 13 до 15 часот, ако се продолжи ќе се скрати ноќната
-

Тема на денот со Адем Чучуљ, претседател на ДКСК
-

Пакетот законски измени неопходни за Safe City испратени до Собранието
-

СДСМ со антикорупциски тим на партијата ќе ги открива скандалите на ВМРО- ДПМНЕ
-

Груевски и Заев се скараа преку социјалните мрежи
-

Избори на пролет или во 2028-ма?
-

Радев: Впишувањето на Бугарите во Уставот на Македонија ќе го забрза нејзиниот пат кон ЕУ
-

Раст на економијата од 3,8% во 3 квартал регистрира статистиката
