Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас во посета на Куманово
Михалис Рокас, Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, денеска ќе престојува во посета на Куманово. Оваа активност е дел од серијата општински посети преку кои граѓаните и институциите имаат можност да се запознаат со придобивките од процесот на пристапување во Европската Унија. Преку ваквите посети се истакнува важноста на интеграцијата и нејзиниот придонес во развојот на локалните заедници.
Како што информираат од Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Рокас во текот на посетата ќе се сретне со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Шефот на ЕУ-делегацијата ќе разговара и со членовите на Советот на општината.
Амбасадорот ќе се сретне и со претставници на граѓанските организации и ќе учествува на дебата со граѓаните „Прашајте го амбасадорот“ со цел да се разговара за прашања поврзани со европскиот пат на Северна Македонија.
Во оваа прилика, амбасадорот Рокас ќе го посети проектот финансиран од ЕУ „Зелена економија – двигател на напредокот“ кој е дел од програмата на ЕУ за раст. Проектот го спроведува компанијата за рециклирање на картон и хартија МИТ Груп чија цел е намалување на количината на отпад од хартија и картон како и намалување на загадувањето на воздухот во Кумановско.
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ