Амбасадата на САД во Лондон се сели во нова зграда, вредна милијарда долари
Вработените во американската амбасада во Лондон, следниот месец ќе се преселат во нова зграда, 12-катен облакодер вреден милијарда долари, со поглед на реката Темза.
Новата локација на јужниот брег на реката е во срцето на огромен проект за ревитализација на поранешната индустриска зона позната како Најн елмс“ (Nine Elms). Стационирана во она што ќе биде урбан парк, зградата ќе биде нов „дом“ на 800 вработени и околу 1.000 посетители секој ден.
Стејт департментот на САД распиша конкурс за дизајнирање на новата зграда во 2008 година. Тогаш амбасадата беше опишана како „физичка манифестација на долгорочната посветеност на специјалните односи меѓу САД и Обединетото Кралство".
Стаклената структура „дава форма на клучните демократски вредности: транспарентност, отвореност и еднаквост", беше наведено во соопштението од Стејт департментот. Изградбата на објектот вреден милијарда долари беше целосно финансирана од продажбата на други имоти во Лондон.
„Со нетрпение очекуваме да преминеме во нашата нова амбасада во Најн елмс ... На 16 јануари нашата нова амбасада ќе биде отворена за работа", напиша денеска на Твитер американскиот амбасадор Вуди Џонсон.
Ново на Сител
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија
-
Ќе останат ли без фактори за коагулација лицата со хемофилија?
-
Предложената концепција за гимназиско е на штета на учениците и наставниот кадар
-
Наместо ТOЕФЛ, за јавни функции ќе важи и Б2 сертификат за познавање странски јазици