Амандаманска расправа за измени на Законот за државјанство во матичната комисија
Комисијата за одбрана и безбедност денеска треба да одржи продолжение на седницата за амандманската расправа по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, по скратена постапка, поднесен од пратениците од Алијанса на Албанците (АА) и Алтернатива.
Седницата на Комисијата почна завчера. За законот, според најавите, се подготвени десетина комисиски амандмани, по разговорите на пратениците и претседателите на СДСМ и премиер Зоран Заев и на АА и Алтернатива Зиадин Села.
Предлог законот е поднесен од пратениците Зиадин Села, Скендер Реџепи, Сурија Рашиди, Сафије Садики Шаини, Абдула Салиу, Елми Азири, Халил Снопче, Илире Даути, Атнан Незири, Артина Ќазими, Хусни Исмаили и Африм Гаши.
Во Собранието за денеска се закажани и седници на комисиите за европски прашања и за здравство, на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, како и работна средба на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Македонија.
Членовите на Комисијата за европски прашања треба да расправаат за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста и на Законот за матучната евиденција, како и предлог законите за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, за управување со отпадот, за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, за управување со пакување и отпад од пакување, за управување со дополнителни текови на отпад, сите во прво читање.
На дневен ред на Комисијата за здравство е Предлог законот за утврдување на максималните цени за болничко лекување и за тестирање на пациенти со Ковид-19 во приватните здравствени установи, во прво читање, поднесен од пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов.
Постојаната Анкетна комисија треба да се дебатира за Годишниот извештај за работата на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права за 2020 година, како и за Годишниот извештај за работата на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права за 2020 година, а како точна на дневен ред е поставена и Иницијатива за формирање работна група за посета на КПД Идризово.
Ново на Сител
-
Протест пред зградата на РТС во Белград: Студентите залудно бараа вклучување во програмата
-
Во Братислава 60.000 луѓе протестираа со барање за оставка на Фицо
-
Лоши вести за Баерн, повредата на Дејвис е посериозна од очекуваното
-
Белград: На осомничената која удри девојка со автомобил и е одреден притвор до 48 часа
-
Ја заслужуваш титулата пријателе - Ѓоковиќ ќе навива за Зверев во финалето на Австралија Опен
-
Едно лице загина во сообраќајка на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка
-
Путин: Не одбивме комуникација со Вашингтон, подготвени сме за разговори со Трамп
-
Инцидент во Нов Белград: Со автомобил влетала во насобраните граѓани и удрила студентка