Албанија подготвена да и помогне на Македонија
Албанскиот државен врв во свое и во име на албанскиот народ изрази длабоко сочуство до семејствата на настраданите во синоќешното невреме и искажа подготвеност да помогне во надминување на состојбите.
- Со голема болка и загриженост ги следиме трагичните случувања во Македонија. Подготвени сме за се што можеме, да им помогнеме на нашите браќа, сестри и соседи, напиша албанскиот премиер Еди Рама на својот фејсбук профил.
Претседателот на албанскиот Парламент Илир Мета изјави дека со голема загриженост ја следи состојбата во Македонија. - Длабоко сочуство и солидарност до сите погодени од невремето, посебно до семејствата на настраданите, и искрени молитви на толку да остане овој трагичен биланс. Од името на Парламентот до населението во овие подрачја и властите во Македонија, во Скопје и Тетово, искажуваме солидарност и секогаш сме до граѓаните на Македонија, изјави Мета, додавајќи дека Парламентот ќе ја подржи секоја иницијатива на Владата во Тирана за помош.
Сочувство изрази и шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати.
- Искажуваме целосна подготвеност за подршка на централните и локалните власти на Македонија за надминување на тешката ситуација, изјави Бушати.
Тој, како што соопшти, телефонски разговарал со неговиот македонски колега Никола Попоски, со вицепремиерот Арбр Адеми, како и со градоначалничката на Тетово Теута Арифи.
Ново на Сител
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново