Свет
17. October 2016 - 16:22

Алармантен извештај од Ирак: Стигнаа првите вести од битката која ја чекаше цел свет

рачкиот премиер рано утринава објави дека почна „битката на сите битки“ - операција за ослободување на вториот најголем ирачки град Мосул.

- Дојде време за победа и операцијата за ослободување на Мосул започна, изјави Абади во обраќањето на државната телевизија.

Мосул е под контрола на Исламска држава од јуни 2014 година, а пред војната во градот живееле околу 2 милони жители. Падот на оваа метропола се сметаше за најголемиот срам на ирачката војска, но оваа офанзива би можела да го потврди крајот на ИСИЛ во Ирак, бидејќи џихадистите по евентуалниот пораз во Мосул веќе немаат каде да одат. Сите ќе бидат или убиени или заробени.

Репортерот на Скај Њуз Стјуарт Ремзи се наоѓа во околината на Мосул во друштво на силите на ирачките Курди Пешмерги. Потврди дека од рано утро се пука од сите страни.

- Се наоѓам во гратчето Бартел кое е оддалечено само неколку километри од самиот Мосул. Ситуацијата на боиштето е, благо речено, конфузна. Се пука од сите страни! Константно сме на удар на милитантите на Исламска држава, поготово од двете села кои се пред нас. Се чини дека џихадистите се многу добро утврдени...

Неколу часа подоцна Ремзи се јави со сличен извештај. 

- Напредокот е минимален. Битката почна пред зори, а во овие неколку часа едвај се помрднавме. Тоа најдобро сведочи каков е отпорот на ИСИЛ. Проблем претставуваат и мините кои ги има на дел од боиштето. Исто така, џихадистите запалиле и голема количина нафта така што зад густиот чад можат полесно да се движат.

Репортерот потврди дека Пешмергите веќе влегле во неколку села и пронашле подземни тунели кои борците на ИД ги користеле порано.

- Курдите влегоа во едно село, но веднаш се повлекоа бидејќи забелажаа паркирано возило полно со експлозив. Ќе ги причекаат воздушните сили да го „решат“ тоа.

Додека во предгадијата на вториот најголем ирачки град се водат жестоки битки, во самиот град во тек се големи припреми за улични битки. Извештаите говорат дека милитантите на ИД интензивно копаат ровови и подземни тунели, на главните улици веќе поставиле бројни експлозивни направи, подготвиле бомбаши самоубијци, а рововите на влезот во градот ги наполниле со нафта која намераваат да ја запалат кога ќе дојде време за тоа. Некои цивили тврдат дека експлозивни направи поставиле под мостовите и на главните сообраќајници, а извори за Ројтерс тврдат дека околу некои населби се поставени големи бетонски ѕидови како би ги заробиле цивилите и потоа би ги користеле како жив штит, пренесува Јутарњи.хр.

Њујорк Тајмс пишува дека ИСИЛ нема да има проблеми само со ирачката војска, туку и со самите цивили кои „намирисале крв“ и полека подготвуваат вооружен бунт. Наводно, градот го преплавиле графити против ИСИЛ, што до пред неколку дена беше незамисливо. Меѓутоа, џихадистите нема така лесно да дозволат народот да се сврти против нив. На зградите поставиле снајперисти кои имаат дозвола да пукаат и при најмал знак на отпор.

Еден жител на Мосул преку апликацијата ВатсАп напишал дека видел осумгодишник вооружан до заби како оди по улиците и снима што се случува околу него.

- Џихадистите се толку очајни што и децата ги пратија во војна, напишал тој... 

Ал Багдади во последен миг избегнал напад

Лидерот на Исламската држава Абу Бакр ал Багдади во последната секунда избегнал напад на воено воздухопловните сили, за време на состанокот со командантите во Мосул, откако е покрената операцијата за ослободување на тој град, соопштија денеска ирачки безбедносни извори.

- Ал Багдади во последен момент избегна воздушен напад на состанокот со командантите во Мосул, изјавија ирачки извори, јави Танјуг.

Изворите не прецизираа дали нападот бил извршен од ирачките сили или коалицијата предводена од САД.

Движењето на Ал Багдади е познато само на потесен круг луѓе и тој секогаш ги менува локациите во Ирак и Сирија.