Владата одлучи: Контрола на сите плантажи за канабис

Владата одлучи да почнне процес на вонредни контроли на сите легални поризводители на медицински канабис. Одлуката е донесена на вчерашната седница
-Владата ги задолжи институциите во рамки на своите надлежности да ги преземат сите законски утврдените мерки и активности и да извршат вонредни контроли на сите правни лица кои имаат одобрение за одгледување и производство на канабис за медицински цели на цела територија на државата и во рок од 45 дена да достават извештај до Владата, информираше владината прес служба.
Ваквата одлука доаѓа по големата акција на полицијата и обвинителството во која од два магацини во Скопје и струмичко без запленети околу 40 тони марихуана. Вчера, Премиерот Мицкоски и министерот за внатрешни работи Тошковски заедно со раководството во МВР беа во складот во кој се чува заплентата марихуана. Од она што можеше да се види на снимките кои ги објави МВР, марихуаната ја чуваат полициски специјалци, а таа е наредена во картонски кутии.
Премиерот веќе изјави дека се сомнева дека поранешен министер го изменил правилникот и овозможил да се одгледува марихуана за која се знаело дека не може да стане масло од канабис, што според законот е единствениот легален производ. Обвинителството само потврди дека се запленети околу 40 тони без да изнесе повеќе детали за евентуално осомничени или приведени лица.
Акцијата на полицијата и обвинителството следеше по информацијата дека во Србија се запленети 5 тони марихуана а приведено е лице кое е споственик на легален бизнис за производство на медицински канабис во Македонија.
Ново на Сител
-

Спасени 33 лица, десетици илјади сè уште се водат како исчезнати по двојниот земјотрес во Венецуела
-

Почувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар
-

Седници на четири собраниски комисии
-

САД:Техничките разговори со Иран се уште се на добар пат
-

Денес топло време со температури до 39 Целзиусови степени
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
