Ал Сиси реизбран за претседател на Египет
Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси е реизбран со 97 проценти од гласовите на минатонеделните избори. Сиси и првиот пат беше избран со истиот процент на гласови.
Но, овие претседателски избори имаше пониска излезност од претходните, само 41 проценти од регистрираните гласачи и покрај тоа што најголемиот број Египќани беа натерани да излезат на гласање, а според странските медиуми на граѓаните им биле нудени пари и храна за да излезат на гласање.
Државните медиуми ниската изборна активност ја оценија како предавство на Египет.
Ал Сиси на овие претседателски избори имаше само еден против кандидат, негов приврзаник, откако во јануари опозициските претенденти ги прекинаа предизборните кампањи. Еден од главните политичкии опоненти на Ал Сиси беше уапсен, неговиот шеф на кампањата беше претепан, додека другите кандидати се повлекоа со образложение дека биле заплашувани.
Централната изборна комисија на Египет при денешното објавување на официјалните резултати сооопшти дека изборите биле слободни и фер.
Ал Сиси на функција дојде по долгогодишниот претседател на Египет, Хосни Мубарак, кој беше соборен од власт по арапската пролет во 2011 година.
Ново на Сител
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД
-
Како да се спречи одливот на работници?