Македонија
20. December 2017 - 10:37

Акција за чистење на дивите депонии во Кавадарци

- Акција за чистење на диви депонии започна да се реализира денеска во Кавадарци, а ќе трае до сабота.

Како што информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, акцијата е во организација на општинарите од новиот проект кој се спроведува од локалната самоуправа „Мој општинар“, заедно со ЈП „Комуналец“ и неколку приватни фирми. Целта е, велат, чисто и убаво Кавадарци. 

Неколку фирми помагаат во реализирање на оваа акција и ги ставаат во функција своите машини за доброто на општината.

Тие учествуваат со камиони, скипери, багери, заедно со комуналното претпријатие.

- Денеска се чисти на три локации. Улицата „Праведничка“ и Коњските дупки, улиците „Клинска“ и „Калница“, како и улицата „Смилица“, соопштија од градоначалничкиот кабинет