Акција „Гулаб на мирот“ по повод Меѓународниот ден на мирот
Во дворот на основното училиште „Димитар Миладинов“ во Скопје, утрово ќе се одржи акцијата „Гулаб на мирот“ со масовно пуштање кон небото бели гулаби од хартија прикачени на балони.
Акцијата е посветена на Меѓународниот ден на мирот, кој беше прогласен на Генералната асамблеја на ОН во 1981 година. Секоја година на 21 септември ОН ја повикува меѓународната заедница да се откаже од војните и од насилството.
За првпат акцијата „Гулаб на мирот“ беше одржана во 2014 година. Секоја година проектот добива на популарност и во 2016 година на манифестацијата ѝ се приклучија повеќе од 5 милиони луѓе од 35 земји во светот.
Оваа година манифестацијата „Гулаб на мирот“ за првпат ќе се одржи и во Македонија.
Лого на акцијата „Гулаб на мирот“ е истоименото дело на Пабло Пикасо - бел гулаб кој во клунот носи маслиново гранче. Сликата на овој голем уметник е избрано како официјален амблем од страна на Светскиот конгрес на приврзаниците на мирот, чија прва конференција беше одржана во 1949 година во Прага и во Париз. Оттогаш ликот на „Гулабот на мирот“ на Пабло Пикасо станува апелативен симбол на мирот.
Акцијата „Гулаб на мирот“ има за цел во секој човек да разбуди чувство за свој удел во поглед на зачувувањето на мирот на планетава, во својата земја, во својот дом. Целта на акцијата е мир во целиот свет, живот без горчливи солзи на загуба, без разурнувања, без трка за вооружување и вооружени конфликти, без чувство за постојана опасност, среќа и насмевки за децата и за мајките на целата планета Земја.
Покрај Скопје, акцијата „Гулаб на мирот“ истиот час ќе се одржи во почесните конзулати на Русија во Охрид и Битола, како и во Куманово.
Ново на Сител
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово
-
Раст на невработеноста во ЕУ на месечно ниво
-
Извлечени плеј-оф двојките за осминафиналето на ЛШ: Реал против Сити, Баерн игра со Селтик