Балкан
25. February 2016 - 18:07

Аеродромот во Загреб именуван Фрањо Туѓман

Хрватската Влада денеска одлучи аеродромот во Загреб да биде именуван по првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман.

Загрепскиот аеродром, кој претходно се нарекуваше Плесо, даден е на концесија на францускиот консорциум ЗАИК, кој почна со изградба на нов терминал. Договорот за концесија е со рок од 30 години, а новиот терминал треба да биде завршен на 5. декември годинава, а пуштен во употреба во февруари или март следната година.

Аеродромот во Загреб е во сопственост на државата (55 проценти), на градот Загреб (35 отсто) и Загрепската област и градот Велика Горица (по пет отсто).