Адвокат од Штип измамил клиенти
СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Н.(42) адвокат од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторил три кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „фалсификување исправа“ и „измама“ .
Како што информира МВР, пријавениот на 06.05.2015 година во својство на адвокат, злоупотребувајќи ја својата службена положба со намера да се стекне со противправна имотна корист направил лажна исправа „Поднесок“ за присилна наплата во која наместо трансакциските сметки на двајца негови клиенти, ги навел неговите лични трансакциски сметки и ја употребил како вистинска на начин што ја доставил до Извршител за присилна наплата.
Со така изготвената лажна исправа довел во заблуда извршителка од Штип, така што присилно наплатените парични средства во износ од 141.829 денари по основ на пресуда на Апелационен суд Штип, наместо на неговите клиенти, му ги исплатила на пријавениот.
Ново на Сител
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште
-
Наставниците добија упатство за ризиците од Тикток
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Мицкоски од ВИП ложа ја следеше инаугурацијата на Трамп, бројни средби и денеска во Вашингтон
-
Изборот на Трамп ќе донесе економски придобивки за Западниот Балкан