-->
-->
30 годишен охриѓанец загина во сообраќајна несреќа кај село Подмолје
-->
Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што ноќеска половина час после полноќ се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево во близина на село Подмолје.
До несреќата дошло при судар на две патнички моторни возила со охридски регистерски таблички, и тоа „aуди“ управувано од М.Л.(24) од селото Белчишта и „фолксваген поло“, управувано од Х.К.(30) од Охрид.
Во сударот на лице место загинал Х.К., додека со тешки телески повреди М.Л. со возило на Службата за итна медицинска помош е префрлен на интервенција во Специјалната болница за оротопедија и травматологија „Свети Еразмо“.
По наредба на јавен обвинител врз телото за загинатиот ќе биде извршена обдукција, додека причните за несреќата ќе ги даде истрагата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени