30 дена притвор за двајца велешани кои ограбиле обложувалница
Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца велешани за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело разбојништво.
Како што информира државното Јавно обвинителство, осомничените на возраст од 26 и 32 години, на 23 декември наутро, со заштитни маски на лицето, заедно влегле во спортска обложувалница. На вработената на сила од раката и го оттргнале мобилниот телефон и го одзеле.
-Побарале од неа пари со закана дека ќе ја убијат. Почнале да пребаруваат низ обложувалницата, па пронашле и одзеле 12 ваучери за исплата од слот машини во вредност од вкупно 13.219 денари, како и сите ситни монети што ги пронашле во фиоките, соопшти ЈОРСМ.
По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Велес определи мерка притвор во траење од 30 дена за двајцата осомничени, ценејќи дека постои опасност од бегство и можност да го повторат делото.
Ново на Сител
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски